Нов напад на Киев, делови од руски дронови паднаа врз детска клиника

Фотографии од урнатини внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм

Делови од соборени руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на информации од локалните власти.

Фотографии од урнатини внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.

Лицето од обезбедувањето на зградата е пренесено во болница, а оштетени се и соседните згради.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дроновите ја погодиле инфраструктурата во областа Свијатошински на западниот брег на реката.

Воздушната тревога траела повеќе од еден час

Back to top button
Close