Воспитувач од Австрија силувал 60 девојчиња во градинка, бакнувал и бебиња: осуден на доживотен затвор во Австралија
Поранешен воспитувач во градинка е осуден на доживотен затвор за силување и сексуално злоставување на скоро 70 девојчиња во Австралија и Европа.
Ешли Пол Грифит (47) признал 307 напади, кои ги извршил во градинки во Квинсленд и во Европа помеѓу 2003 до 2022 година. Неговите жртви биле на возраст од една до седум години.
Судијата рече дека природата на злосторствата извршени од Грифит и нивниот обид се ужасни. Грифит е обвинет и за сексуална злоупотреба на повеќе од 20 деца во Нов Јужен Велс и Италија.
Во Окружниот суд во Бризбејн денеска, судијата нареди период без условно ослободување од најмалку 27 години.
Грифит првпат беше уапсен од австралиската федерална полиција во август 2022 година, а една година подоцна беше обвинет за повеќе од 1.600 сексуални престапи. Повеќето од нив на крајот беа отфрлени.
Инспекторите пронашле илјадници фотографии и видеа од насилството, кои Грифит ги направил и потоа ги објавил на dark veb.
Грифит признал 28 точки за силување, околу 200 случаи на несоодветно однесување кон дете и неколку други обвиненија поврзани со создавање и дистрибуција на педофилска содржина.
Многумина надвор од судот ги повикаа властите да спроведат истрага против детските центри и пошироко, бидејќи симштоматично е како тој успеал толку долго да прави злосторства без да биде откриен.