Левица бара оставка од Тошковски

Левица не само што ги осудува инцидентите и нередите околу непочитувањето на македонското знаме, не само што бара одговорност и оставка од Тошковски, туку уште еднаш потсетува на Македонската платформа, која беше основен услов за каква било постизборна коалиција на Левица со ВМРО-ДПМНЕ.

-Последниве инциденти потврдуваат зошто власта предводена од ДПМНЕ не прифати Македонската платформа да биде потпишана од промакедонските партии со цел утврдување на национален концензус заради превенција од уцените кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство. Точките од Македонската платформа, предложена од Левица, мора да бидат минимум црвени линии на сите партии во државата пред кои нема попуштање ако сакаме да ни остане нешто од Македонија!
Потсетуваме дека петтата точка од Македонската платформа гласи: Забрана на веење и поставување јарболи со знамиња на туѓи (големи) држави на јавни места со цел зауздување на иредентизмот, етно-трибализмот и национал-шовинизмот, строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации, задолжително истакнување само на македонското знаме во канцелариите на јавните функционери. Македонската платформа беше понудена од Левица со цел да се запре понатамошното разградување на Република Македонија и нејзино претворање во полупротекторат“, велат од Левица.

Back to top button
Close