Телефонски разговор Бегај – Османи: Поддршка за целосна истрага за терористичкиот акт во Ибар-Лепенец
Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска оствари телефонски разговор со претседателката на Косово, Вјоса Османи, поради експлозијата во селото Варага во Зубин Поток, во северниот дел на Косово.
– Претседателот Бегај најостро ги осуди терористичките акти со експлозиви на каналот Ибар-Лепенец, чија цел е уништување на критичната инфраструктура и нанесување штета на националната безбедност на Косово, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
Бегај изрази и поддршка за сите напори на Република Косово „да се справи со ситуацијата и целосно да го истражи овој чин на саботажа и тероризам и да ги казни сторителите“.
Силната експлозија се случила синоќа од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, кој косовските власти го оценија како терористички чин, а го осудија и САД и ЕУ.