Постигнат договор – приватните превозници утрово вратени на скопските улици
Приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици, кои се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во сабота во Град Скопје.
На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар.
Приватните превозници бараат зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари (tv21)