Спасувачка акција: Жена на апарат за кислородна поддршка заглавена во викендица во с. Леуново каде има еден метар снег

Од Центарот за управување со кризи информираат дека примен е повик од лице кое се наоѓа во викендица во село Леуново, на локација над Хотел Радика, кој е со сопругата кој цело време е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја, по што за денеска е договорено да се интервенира во чистење, за да може пациентката да биде транспортирана до Клиничката болница во Гостивар.

Во координација со ПС Маврово и Итна Медицинска Помош Гостивар, како што информираат од ЦУК, биле на лице место, но поради висина на снежна покривка од околу 1 метар, не се во можност истата да јa пренесат до амбулантното возило. Лицето, како што се посочува, поседува и агрегат за струја, во случај да снема.

Во координација со одговорното лице од ЕЛС Маврово Ростуше договорено е денес околу 09.30 часот да се интервенира во чистење на делницата од 100 – 150 метри се до влезната врата на викендицата, за да може екипа од ИМП Гостивар да ја преземе и транспортира пациентката до Клиничката болница во Гостивар. За оваа ситуација известени се и ДЗС Гостивар и РЦУК Гостивар, информираат од ЦУК

Откако останаа без струја (неколку дена) и без расчистен пат до доцна попладне во понеделникот, неколку граѓани се одлучиле да се обидат со свои возила да се пробијат до Леуново и понатаму во насока на регионалниот пат кон Скопје, но останале заглавени во високите снежни навеви на патот да ја дочекаат ноќта.

Според неофицијални информации добиени од повеќе жители на мавровскиот крај, причина за ваквата состојба било тоа што тендерот за изведувач на работите на чистење на снегот штотуку бил распишан на крајот на ноември, кога веќе е вообичаено да има снежни врнежи.

Back to top button
Close