Законот за воведување воена состојба во Јужна Кореја – блокиран од пратениците

 Пратениците во Јужна Кореја гласаа против декретот за воена состојба што го најави претседателот Јун Сук Јол, јави Си-Ен-Ен.

Сите присутни 190 пратеници од вкупно 300 во Парламентот гласаа за поништување на мерката.

Се уште не е познато каков ефект ќе има гласувањето врз прогласената воена состојба. Според јужнокорејскиот закон, претседателот е обврзан да се придржува кон резултатите од гласувањето.

Back to top button
Close