Славески: Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола

Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола. Ние размислуваме и во алтернативи за оние екстремни сценарија. Премиерот објасни што во такво сценарио што никој од нас не го посакува, истакна денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески.
Тој посочи дека бараат купувач за банката.
– Нормално, има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат контакти, а секако сме и проактивни. Тоа го најави и премиерот. Така што ќе видиме кои се интересите, затоа што станува збор за навистина здрава банка, банка во регион традиционално концентрирана со голем потенцијал за развој на земјоделието и на индустријата, банка чија продажна вредност дури и за средни банки не претставува некој предизвик од финансиска гледна точка, но ние не можеме да зборуваме во името на заинтересираните инвеститори, рече Славески одговарајќи на новинарски прашање по прес-конференцијата на која ги соопшти олеснувањата за клиентите до пристапот на нивните средства во „Алта банка“, повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи.
Посочи дека со шест инвеститори ќе имаат состаноци, а денеска имале со две домашни банки.
Во врска со тоа дали некое правно лице со сметка во „Алта банка“ може да исплати плата месецов на 100 вработени за овој месец, тој рече може на 101 вработен.






