Девојката приведена на аеродром со куршуми во ташната – ќерка на пратеничка на владеачката ВМРО ДПМНЕ?
Охридската полиција информира за настан од аеродромот „Св.Апостол Павле” во Охрид, каде на излез од државата била уапсена М.М.(19) од тетовското село Жилче, која се обидела во авионот да внесе куршуми.
На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри, соопшти СВР Охрид.
Увид на местото извршија полициски екипи ипо целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава
Станува збор за ќерка на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марчевска, пренесе Рацин.мк.
Марчевска беше кандидат за пратеник во изборна единица 6, а е дел од ОК ма ВМРО-ДПМНЕ во Јегуновце.
Од Министерството за внатрешни работи до објавувањето на текстот за портачот не одговприле дали девојката со иницијали М.М која е од тетовското село Жилче е роднински поврзана со пратеничката Марчевска.
Во полицискиот билтен пишува дека девојката била запрена на излез од државата во 07:20 часот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во тек е истрага за потеклото на муницијата и мотивите за обидот да ја изнесе од државата.