Иран е подготвен да испрати војска во Сирија
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска изјави дека Техеран е отворен за можноста да испрати војници во Сирија за да им помогнат на силите на претседателот Башар ал Асад по големата офанзива на бунтовниците, јави ДПА.
-Доколку сириската Влада побара од Иран да испрати војници во Сирија, ние ќе го разгледаме барањето, изјави министерот за ТВ станицата на арапски јазик Ал Араби.
Во меѓувреме, Мохамад Багери, началник на иранскиот Генералштабот на вооружените сили, разговараше со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, како и со високи претставници на одбраната од Сирија и Ирак. Се разговарало за одлучна поддршка за сириската армија, пренесе иранската агенција ИРНА.
Покрај Русија, Иран е најважниот сојузник на Ал Асад.
Минатата недела, Алијансата на бунтовнички групи, предводена од исламистичката група „Хајат Тахрир ал-Шам“ започна ненадејна офанзива во северо-западна Сирија и ја презеде контролата врз градот Алепо, што доведе до ненадејно разгорување на граѓанската војна што во Сирија почна во 2011 година и се уште трае, потсетува ДПА