Телма: Партиски активисти со скромна стручност – што содржат биографиите на предложените членови на Советот за граѓански надзор
Советот за граѓански надзор е тело што треба да контролира дали институциите што смеат и можат да ги следат комуникациите, тоа го правата легално, следејќи ја законската процедура.
Во него, како што објави ТВ Телма за членови се предложежни најмалку петмина партиски активисти и членови, сите од партии на актуелната власт. Нивните биографии не ја откриваат партиската инволвираност, но не ни сокриваат дека станува збор за луѓе кои имаат скромно искуство во областа.
„Верувам дека со моето искуство, знаење и желба за придонес во подобрување на медоумскиот сектор ќе бидам активен член и од полза на Советот за граѓанска контрола“,пишува во биографијата на Илче Димовски.
Него, владејачката коалиција набрзина го помина на Комисијата за избори и именувања во Собранието и го предложи за претседател на Советот за граѓански надзор.
Според ТВ Телма, кандидадот го погрешил името на институцијата за која конкурирал, како и дека Советот нема ингереенции во медиумскиот сектор.
Димовски до пред неколку години држеше и партиски пресови во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Според биографијата на Димовски, има завршено два факултета, еден за Јавна администрација во Битола и правен факултет во Кичево. И двата со ист просек, од 6,62. Избран е како претставник од невладиниот сектор, за што приложил и препораки.
Во Советот се избрани и Никола Затуроски од струшко Враништа, поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по професија наставник по математика.
Актуелниот советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Мирче Стојков, е наставник по историја.
Четвртиот партиски активисти во Советот за граѓански надзор е Благоја Стојановски, машински инжинер, предложен како експерт за надзор врз прислушувањето и за заштита на човекови права.
Од 2011 до 1016 бил пратеник од СДСМ, а потоа заминува во ЗНАМ, чиј кандидат за пратеник е на последните избори. Според неговата биографија, учествувал во изработка на софтвер за процена на сотојбата на корозија на цевководи.
Ккао што пишува ТВ Телма, најинтересна биографија има Нафиз Ќазимовски, кој е хемичар по струка, а својата пријава за кандидатура во Советот ја напишал на рака, каде навел дека има долгогодишно искуство.
За член во Советот е предложен и разрешениот врховен судија Стојанче Рибарев, кого Судскиот совет го разреши пред три години порафи сомнежи дека како в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд меестел и делел предмети рачно, наместо преку компјутерскиот систем.
Овој детал, според Телма, го нема во биографијата што Рибарев ја доставил до Собранието.
Катеерина Крстевска-Савовска е единствениот предложен член од академската заедница. Таа од 2005 година е вработена на Факултетот за безбедност, а има работно искуство во Интеерпол одделот на Министерството за внатрешни работи.
Според Законот за следење на комуникации, Советот трееба да има претседател и чест независни членови, од кои тројца експерти од областа и тројца од невладиниот сектор, што покрива теми поврзани со човекови права и безбедност.