Бајрами: Не е точно дека осомничениот за палење на мојот автомобил е член на моето семејство
Заменик Главниот обвинител Џелал Бајрами ги демантираше гласините дека осомничениот што му го запалил автомобилот и други автомобили во Куманово бил член на неговото семејство.

Бајрами за „ТВ21“ додаде дека никогаш не го запознал осомничениoт.
„Не е точно дека осомничениот за палење на мојот автомобил и други автомобили е член на семејството, никогаш во животот не сум сретнал таква личност, сепак нека остане во чест на оние кои така лесно и бесрамно клеветат за оваа катастрофа, (зборувам за политички партии)“, рече Бајрами, пренесе порталот Телеграфи.
Претходно, од коалицијата ВРЕДИ посочија кој е сторител:
„Уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил исто така е запален.
Во соопштението од ВРЕДИ се вели дека „јавноста сега ќе има уште поголема јасност од кои центри се издаваат наредбите за нарушување на редот и мирот. Затоа што е апсурдно само по себе да се користат вакви случаи за сеење страв во сржта на граѓаните. Затоа што по принципот на нивното работење, исплашените граѓани полесно се манипулираат. А ние како ВРЕДИ на сегашната Влада ова не го дозволивме и нема да дозволиме никаков сличен обид во иднина“.






