ФОТО: Кралот Чарлс и кралицата Камила ја објавија божиќната честитка
Кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила, ја објавија овогодинешната божиќна честитка.
На нивниот официјален профил на Инстаграм се појави честитка на која пишува: „Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова Година“.
Двојката насмеана позирала во градината на Бакингемската палата. На фотографијата Чарлс е облечен во сив костум, бела кошула и сина вратоврска, додека Камила е облечена во син фустан со долги ракави.
„Доаѓа Божиќ“, стои во описот на објавата , а фотографијата е направена во април.
Да потсетиме, во февруари годинава, палатата објави дека на кралот му бил дијагностициран рак додека бил на „рутинска болничка процедура поради бенигно зголемување на простатата“. Не открија од каков рак боледувал Чарлс.
Кралицата Камила имаше здравствени проблеми во изминатиот месец и откажа неколку планирани ангажмани. Бакингемската палата објави дека кралицата боледува од вирусна пневмонија.
Кралицата неодамна се врати на службените обврски и откри нови информации за нејзиното здравје.
„Сè уште сум малку уморна, закрепнувам “, рече таа пред неколку дена на прославата на 50-годишнината од „Women’s Aid“