Фатен крадец од Струмица, „падна“ за четири тешки кражби
Полициски службеници од СВР Струмица го привеле Д.С.(32) од село Баница поради сомнение за четири тешки кражби на дрзок начин во куќи на подрачје на Радовиш. Кражбите се случиле на крајот на ноември и почетокот на декември при што се одзеле пари, накит и други предмети во вкупна вредност од 1.159.050 денари.
При претрес на домот на Д.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а на 10.12.2024 во службен разговор ги признал делата.
По известувањето до јавниот обвинител од ОЈО Струмица и документирањето на случаите, против осомничениот крадец ќе се поднесе соодветна пријава.