Кирков: Aрсовска не поднесе предлог буџет за 2025 година – На град Скопје му се заканува целосна блокада

Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, во прес-конференција изјави дека Данела Арсовска не поднела предлог буџет за 2025 година во законски предвидениот рок. Поради ова, на град Скопје му се заканува целосна блокада. Рокот за доставување на предлог буџетот беше вчера, на десети декември.

„Се случи тоа кое го предвидувавме со месеци наназад  и апелиравме неколку пати. Стравувавме дека сценариото за целосна блокада на Град Скопје може да стане реалност. Сега тоа и се случува.“, изјави Кирков.

Тој дополни дека вакво нешто се нема случено во историјата на град Скопје, а дека без буџет нема да функционираат и онака нефункционалните јавни претпријатија и установи во градот. Дел од установите кои ги наброја Кирков беа Комунална хигиена, ЈСП, Водовод, Паркови и зеленило, Улици и патишта, депонијата Дрисла и Зоолошката градина.

Кирков, заедно со советничката група на ВМРО-ДПНЕ, ги повика Владата и државните институции веднаш да пристапат кон решавањето на проблемот.

Back to top button
Close