ЕУ со нови санкции за Русија
Земјите-членки на Европска Унија денеска се согласија за нови санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина, соопшти унгарското претседателство со ЕУ на Икс.
Со новите санкции им се забранува на 50 бродови да транспортираат руска нафта и нафтени производи од пристаништата во ЕУ и да ги користат услугите на европските компании.
Повеќе од дваесетина бродови што превезуваат руска нафта веќе беа санкционирани од ЕУ во јуни.
Русија долго време е обвинувана дека користи бродови кои не се во сопственост на западни бродски компании или осигурени од западни осигурителни компании за извоз на руската нафта во земји кои не се членки на ЕУ.