Пет песни во чест на 103 години од раѓањето на Блаже Конески

Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година, а починал на 7 декември 1993 година. Познат македонски книжевен, културен и јавен работник.

Академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог, јазичар, преведувач и професор.

Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и, генерално, исклучително значајна личност во македонската книжевност и современа историја

Автор е на Граматиката на македонскиот литературен јазик (1952/54) и на Речникот на македонскиот јазик во три тома (1961/65/66). Добитник е на многу книжевни награди, меѓу кои наградите „11 Октомври“, „Ацо Шопов“, „Браќа Миладиновци“, Рациновото признание и многу други.

Конески е втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје (кој денес го носи неговото име), ценет професор, еден од основачите и прв претседател на МАНУ.

По повод неговиот роденден ви издвојуваме неколку од неговите песни.

Back to top button
Close