„Нема време, нема дестинација, нема километри“ Хелена Роза за 20-те години искрено пријателство со Зоки Фаци

Две години откако Зоран Василевски – Зоки Фаци не е повеќе со нас низ разговори со негови блиски пријатели се присетуваме на неговото огромно срце и безгранична великодушност.

1.Хелена, вие со Зоки делевте едно од најдолгите и најискрени пријателства цели две децении. Поминаа скоро две години откако Зоки не е меѓу нас. Кога ќе се навратите на самиот почеток, се сеќавате ли на моментот кога за првпат почувствувате дека Зоки нема да биде само пријател што ќе помине низ вашиот живот, туку човек што ќе остави трага во него и што денес, по сите овие години, најмногу ви недостига од него?

– Зочкоо мој… ах. Не можам да се сетам конкретно на момент кога знаев дека Зоки е… таков каков што всушност е, што многу малку луѓе го знаат. Со текот на времето, некако… целата таа комуникација преку А1 телевизија… и како почнавме да се зближуваме и да откриваме дека за многу работи имаме исто мислење, дека имаме многу заеднички работи. Често знаевме после работа да седнеме на кафе, да збориме само ние двајцата толку долго заедно…И едноставно, со тек на време, сè повеќе еден кон друг имавме доверба и почитување. Значи, не можам да кажам дека беше тоа само еден момент. Можеби требаше некое малку повеќе време, можеби беа во прашање три-четири месеци, па пред да кажам некако… да се предадеме еден на друг искрено.

2. Во тие две децении сигурно сте поминале низ безброј моменти и убави, и тешки. Што беше тоа што го правеше Зоки човек на кој секогаш можевте да му се јавите, без разлика дали ви било тешко или убаво во тој момент?

– Интересно е тоа кај Зоки што беше еден од ретките луѓе што иако беше ненормално многу зафатен, иако имаше многу врски во врска со работата, поготово во периодот кога бевме во Ајден, Зоки беше човек што не само јас, кој да му се јавеше во кое било време од денот, тој беше таму за него. Тоа беше феноменално. Тоа беше многу една добра особина на Зоки, кој што знаеше да биде тука за луѓето кои ги почитува, многу пати за луѓето кои него не го почитуваа и всушност немаше некое големо мислење, но едноставно Зоки беше тука за сите, 24/7. И мислам дека тоа многу го истуштуваше, ама едноставно не сакаше да признае и едноставно тоа беше Зоки.

3.Зоки беше човек со силна енергија и карактер, но верувам дека вие сте ја познавале и неговата страна што не ја гледаа сите. Каков беше Зоки кога ќе останевте сами, далеку од луѓето и од целата јавност?

– Зоки за јавноста делуваше како некој што е арогантен, суров, некој како што не му е гајле за што мислат другите за него, но таа беше далеко од оној Зоки кој што јас го познавам. Секогаш многу го погодуваше неправда, кога имаше ситуации кога луѓе на коишто он им се дал целосно, им помогнал и направил се за нив, едноставно забораваа на него или уште полошо се вртеа против него. Зоки беше една многу искрена душа, многу. Значи он имаше срце како планина и јас се осеќам многу почестена и важна што иде јас ја знаев таа страна на Зоки, што не многу луѓе ја знаа. Јас бев една од ретките кои буквално се знам што му се случуваше во неговиот живот и што му се случувало и мислам дека ниту тој ниту јас имале тајни меѓу себе.

4.Заедно со Зоки оставивте силен белег во македонскиот шоу-бизнис, особено во таа златна ера, кога ги водевте најгледаните забавни емисии во Македонија. Кога денес ќе се навратите на тој период, на сите тие заеднички моменти, смеа и енергија, дали чувствувате носталгија по едно време кое, по заминувањето на Зоки, знаеме дека веќе никогаш нема да се повтори?

– Секако дека да, има носталгија за тоа време и чисто со луѓето овде, во Нов Зеланд Знам да раскаж ам за тиеденови како едни од највеселите, најинтерес ните, најубавите спомени што ги имам во Македонија, воопшто и во моето минато. Секако имавме многу интересни случувања, многу смеење, многу убави спомени

5. Сите знаеме дека со Зоки имате море од спомени од тие две децении. Кога би требало да издвоите еден момент кои засекогаш ќе би остане во срцето? кој би бил тој и зошто токму тој?

– Со Зоки сме имале многу-многу интересни и незаборавни моменти. Еве мислам веќе некој десетина минути што би издвоила. И не знам, можеби највише од сè што имам, ме прави да се чувствувам убаво момент от кога заедно патував ме а Скопје-Белград со целата екипа на „Јас имам талент“, каде што он заедно со мене настапуваше во кореографијата во финала таа вечер. И не можам да заборавам дека сите можни песни што ете така рандом ќе се ке ги слушнавме на радио, дека возевме накај Белград, ги препевуваше на еден негов толку смешен, интересен начин што јас не верувам дека можам да го опишам. Луѓето кои што го знаат, верувам дека често го имаат слушнато како ги препевува тие песни на негов начин. И тоа беше толку една слатка, интересна карактеристика од него што кажуваше, всушност, многу многу за него ако с ако… ако подлабоко почнеш да размислуваш Исто така, не можам да го заборам моментот пред да искочиме на сцена на „Јас имам талент“. Тој беше толку возбуден, толку анкциозен, толку нервозен, да.

6. Во многу поткасти, интервјуа и на социјалните мрежи, Зоки често ве спомнуваше како еден од своите вистински пријатели. Во време кога, за жал, често гледаме лицемерие и пријателства што постојат само додека има интерес, вие бевте и човек кој му бевте голема поддршка низ годините. Што мислите дека беше причината поради која вашето пријателство со Зоки остана толку искрено и траеше цели 20 години?

– Што мислам дека беше причината што нашето пријателство беше толку искрено? Мислам дека… мм, не знам како ова да го, да го стокмам. Мислам дека… Клучно за нашето пријателство беше тоа што пред се бевме двајцата, ideal show, бизнисот. Двајцата бевме перцепирани во македонската јазност како контрaверзни личности. Притоа двајцата… Се гледавме еден со друг и бевме поима немаме зашто што бевме толку еден… нормален живот, многу понормален од многу други луѓе. И не гледавме ништо контроверзно. Исто така, ааа, а имавме на иста карактеристика, двајцата кажувавме во лице на луѓето што мислиме. Никогаш не делувавме со задни намери и никогаш не бевме особи кои што бевме спремни да гасиме преку лешеви за да дојдеме до некој успех. Едноставно бевме таму кај што сме и двајцата со… со… многу труд. и многу вложено време, и едноставно, двајцата се почитувавме еден со друг поради тоа, затоа што, искрено луѓето што се во соло шоу бизнисот, како нас, беа ретки, и, ете, најверојатно сме

7. Иако со години бевте оддалечени илјадници километри, Зоки често велеше дека ве чувствува како да сте тука, до него. Колку ви значеше тоа што, и покрај далечината, вашето пријателство никогаш не се почувствуваше далечно?

– Нашето пријателство со Зоки беше многу искрено и тука имаше многу љубов и мислам дека таа е една од причините што, иако бевме разделени, иако можеби не се слушавме секој ден, ништо не беше сменето. Бидејќи кога постои вистинска љубов и искрено пријателство, нема време, нема дестинација, нема километри. Чисто се спомнувавме на постови, чисто се слушавме исто така, чисто зборувавме. И можам да кажам дека секој што иде во Македонија, се што сакав да ги видам моите близки, Зоки беше одма тука на листата. И одвај чекав да го видам.

8. Кога ќе се навратите на последните разговори со Зоки, дали постои нешто што останало недокажано, некоја мисла, збор или едно обично „се слушаме“, за кое денес би дале се повторно да го чуете од него?

– А, дали би дала да се слушам со него, колку би сакала да можам да се слушам со него, да го бидам и да е possible. Тоа чувство никогаш нема да помине. Дали има недокажани работи? Па најверојатно има многу недокажани работи, не дека ми е криво нешто што не сум му кажала. А мислам дека и он никогаш не желел дека има нешто што сакал да ми го каже, не ми го кажал. Како што кажав по горе, секогаш сме биле многу искрени во нашата комуникација, така да нема недокажани работи. А дали има работи кои што би сакала се уште да ги разговарам со него, работи кои што се уште, кои ќе ми се случат, сакам да ги споделам со него? Секако дека има. Многу пати сега, бидејќи сум политички активна и еве на овие избори овдека сум кандидат за една од партиите на листа, а многу пати размислувам: Хеле, бе, Зоки, бе, како да ти кажам? Значи знам дека толку беше горд на мене, знам дека ќе се фалеше на сите како он е кандидат, и едноставно да фалат тие моменти кога нешто ќе ми се случи, кога сакам да го споделам со него.

9. Последен пат со Зоки се видовте во 2023 година. Заедно оставивте силен белег на македонската сцена, но зад камерите изградивте нешто што во денешно време е навистина ретко. Кога денес ќе се навратите на таа последна средба и на вашето последно поздравување, што ви останува најсилно во срцето?

– Токму така. Се видовме 2023 година и много ми е драго што дојдов во Македонија и можев да го видам. Многу ми е жал што тој тогаш мене ми кажуваше дека се е оке со неговото здравје и дека го има победено ракот и дека нема никаков проблем, што, нажалост, подоцна во разговорите дознав дека не е така и едноставно ми призна дека не сакал да ме прави тажна додека сме таму, што уште повеќе ме погоди. Така да, стрит би дека ги памтам и многу ми е жал, бидејќи кога се разделивме ми вети дека ќе биде подобар и дека ќе најде време да дојдеме после во Нов Зеланд и затоа ми е многу криво што не успеа да дојде тука во Нов Зеланд, да му покажам каков изгледа мојот нов дом, каков живот живеам во Нов Зеланд.

10. Да можеше денес Зоки да ве слушне, што би му кажале?

– Што би му кажала? Би му кажала да биде посебичен. Да биде повеќе да ги прави работите за себе отколку за другите луѓе. 50% да правеш работи што правеш за други луѓе, за себе си. Мислам, некако и во ваа ситуација со ракот, можеби ќе беше поинаку, или не знам, можеби се лажам, можеби само сакам да знам дека е така. Ама не дека не сум му кажала, ама иде пак би му кажала да се фрти појќе на себе си и да го бере појќе своето гајле и својот задник, отколку да се секира како да ги направи другите луѓе среќни и како да им угоди. И нормално, би му кажала дека многу, многу го сакам и дека многу, многу ми фали.

 

Back to top button
Close