Даре Митровиќ: Сè би дал уште еднаш да му го видам ликот. Не те заборавив, Зоки
Две години откако Зоран Василевски – Зоки Фаци не е повеќе со нас низ разговори со негови блиски пријатели се присетуваме на неговото огромно срце и безгранична великодушност

1. Речиси две години поминаа од загубата на Зоки. Како ти изгледа времето поминато без него?
– Како да беше вчера…Отсуство кое не се навикнуваш да го чувствуваш.Учиш да живееш со тоа. Живееш со спомени, сеќавања…Велиме дека времето ги лекува раните, но не било така.нЕдна празнина која што никој и ништо не ја пополнува…
2. Дали постои некоја случка со него која можеби за другите изгледа мала, но за тебе има посебно значење и засекогаш ќе ја носиш во сеќавање?
– Со Зоки имаше многу случки. Себично би било да издвојам една. Секогаш знаеше да ја промени атмосферата на подобро. Беше човек со големо срце, човек кој знаеше да посвети време секому.
3. Луѓето го познаваа Зоки како јавна личност – човек со силен карактер, гласен став, природна харизма и човек кој секогаш беше без филтер. Но, како негов внук, ти го познаваше и оној Зоки кој не го гледаше јавноста. Каков беше тој кога ќе се затвореа вратите и ќе останеше само семејството?
– Токму таков беше човек со силен карактер. Природен човек, полн со емоции. Ист како и пред камерите. Кај него немаше глума. Знаеше да покаже среќа, но и тага. Неделите ги поминувавме заедно. Заедно го пиевме утринското кафе. Ми раскажуваше за работата, за идните планови… Ми недостига кафе-муабетот со него.Од него се учеше многу. Научив една цела филозофија како се живее, како се носи карактер и како се оди напред, без разлика на околностите и предизвиците. Ме учеше да бидам свој, да не се плашам да одам по својот пат и да не се замарам со туѓите мислења. И сè што правам, да го правам со целосна енергија, а не половично.
5. Каков однос имавте вие како вујко и внук?
– Убаво изграден однос. Пријателски.нж Знаеше да се јави навечер, откако ќе завршеше со сите снимања, да праша каде сум, што правам… Чисто да провери како вујко. Често ми купуваше убави подароци – патики, часовник, маици… Беше среќен кога носев гардероба што тој ми ја купил. Скапи подароци, во негов стил. Знаеше да советува, но и да прима совети. Јас често го критикував ако забележев дека некаде греши. Прифаќаше совет, но секогаш си тераше по свое.
6. Дали повеќе беше човекот кој ќе те советува и ќе ти укаже на грешките, оној кој ќе застане зад тебе кога ти треба поддршка или повеќе ти беше пријател со кој можеш да разговараш за сè?
– Дефинитивно беше вујко кој знаеше да ти го чува грбот, да ти укаже на грешките и, иако јас ретко грешам, да биде добар пријател и соговорник и да ти помогне. Помогна на многу луѓе. Ретки се луѓето како Зоки. Искрено, во денешно време нема такви.
7. Кога би морал да издвоиш една особина која најмногу ќе ти недостига, што би било тоа?
– Дефинитивно искреноста. Во светот на денешното лицемерие недостасуваат искрени луѓе.
8. Што мислиш дека јавноста никогаш не успеа да го види или разбере кај Зоки? Кој бил оној дел што го знаевте вие како семејство, а можеби никогаш не успеа да стигне до луѓето кои го познаваа само преку телевизијата, социјалните мрежи и јавниот живот?
– Секогаш постојат луѓе кои те разбираат и луѓе кои не те разбираат. Со причина Бог нè спојува со вистинските луѓе. Како јавна личност, имаше и своја приватност, што е нормално. Ја делеше со најблиските. Но и со публиката делеше емоции среќа, тага…
9. Како изгледаа твоите последни моменти со вујко ти Зоки? Што памтиш од последната средба, од последниот разговор или од последниот момент кога го виде? Кога денес ќе се навратиш на тој ден, која е онаа една мисла или чувство што најмногу ти останува во срцето?
– Се сеќавам дека многу плачев, но собирав сила за да можам да ги завршам сите обврски. Знаеше дека секогаш може да се потпре на мене.
„Даре, те сакам многу и фала ти за сè.“
Така заврши нашиот последен разговор…
10. Кога би имал можност уште еднаш да седнеш со Зоки, да поразговараш како порано и да имаш само еден час со него – без брзање и без ништо друго околу вас – што би сакал да му кажеш?
– Би го гушнал силно и би му кажал дека многу го сакам. Сè би дал уште еднаш да му го видам ликот.
Не те заборавив, Зоки.






