Скопјани утрово го дишат најзагадениот воздух во Европа
Скопје утрово е најзагаден град во Европа, а десетти во светот со индекс 169, покажуваат податоците на специјализирана страница за мерење на квалитет на воздухот IQAir.

На листата на најзагадени градови предничи Делхи, по што следуваат Акра, Каиро, Карачи, Бишкек…
Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови






