Времето денеска: Облачно и студено со дожд и снег
И во следните денови, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи облачното, студено и ветровито време, со локални врнежи кои претежно ќе бидат од снег. Стаблизирање на временската состојба се очекува кон крајот на неделата
Студениот циклонскиот бран што ја зафати Македонија продолжува, поради што и денеска во целата земја времето ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Покрај дождот и снегот, оттаму најавуваат дека ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура се движи во интервал од минус три до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од минус два до шест степени.
Во Скопје, времето во текот на денешниот ден ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до четири Целзиусови степени.
И во следните денови, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи облачното, студено и ветровито време, со локални врнежи кои претежно ќе бидат од снег. На места, синоптичарите најавуваат и засилен ветер кој ќе дува со брзина и над 60 километри на час. Кон крајот на неделата, поточно од сабота, ќе следи стабилизирање на временската состојба. Врнежите ќе престанат, но и понатаму ќе биде студено