Галант: Израел и САД треба заедно да дејствуваат против јеменските Хути


Поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел и САД треба да дејствуваат заедно против јеменските Хути, што, според него, ќе биде пракса за заедничко дејствување против Иран.

– Мораме да направиме повеќе против Хутите, нивните лидери и нивните серии ракетни напади, рече Галант за време на посетата на училиштето во Рамат Ган, кое беше погодено од проектил истрелан од Хутите минатата недела, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Поранешниот министер за одбрана, на чија позиција минатиот месец дојде Израел Кац, рече дека заедничка акција на Израел и САД против Хутите „ќе има практичен ефект за кратко време“.

Back to top button
Close