Црвен метео аларм во Хрватска: Големи снежни наноси и орканска бура со силни ветрови

Во делови на Хрватска денеска е во сила црвен метео аларм поради силно невреме на брегот и удари на ветер до 185 км/ч, јавува порталот 24сата.

Црвено предупредување е активирано во Кварнер, каналот Велебит и подрачјето на Централна Далмација, каде се очекува силно невреме со ветрови со ураганска сила до 185 км/ч.

Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод, исто така, предупреди на можни штети по инфраструктурата и здравствени опасности од ваквото невреме.

Истовремено, големо количество снег наврна и во Лика, каде се очекува температурите во текот на денот да бидат меѓу нула и четири степени.

Бурните ветрови и снегот веќе неколку дена го отежнуваат сообраќајот во Хрватска, додека дел од земјата е покриен со снег, а ураганските ветрови го вклучија метеоролошкиот аларм

Back to top button
Close