Писмо од воденицата на Шуто Оризари

Една иницијатива на Уставниот суд на Македонија за оценување на уставноста на Законот за јазиците ги покачи тензиите меѓу политичките партии во земјата.

Претставниците на партијата која во 2022 беше власт која во име на борбата за правата на Албанците мултимилионери во хор го започнаа плачот на кукавиците наводно „за губењето на јазичните права на Албанците во Македонија”  и тоа само поради фактот дека не се дел на многуетничката влада и веќе не ја уживаат привилегијата да го дискриминираат и понатаму сиромавиот непартиски Албанец до потполно негово уништување.

Имитирајќи го францускиот писател Алфонс Доде кој неговите раскази ги објавувал во посебна книга насловена „Писма од мојата воденица„ Абаз Ѓука алијас Али Ахмети, водач на „Европскиот Фронт во распаѓање„ седнат на мелничкото корито на неговиот “богат„ дедо мелничар ова сончева есенско политичко време почна да им пишува писма на „нашите меѓународни пријатели” на угледните светски лидери како на Макрон, Шолц, Фон дер Лајен, на американецот Блинкен, на Албанецот од „Автонмната држава на Бекташите„ верскиот лидер Баба Монди како писмо и до косоварот Курти кој ,како што Абаз му замеруваше едновреме, „сака да го врати Косово „во прегратките на Србија така како што Вучиќ и Рама посакувале едно време.

Во овие писма тој ги алармираше светските лидери дека со нивните постапки Мицкоски, Меџити, Таравари, Касами и Гаши ја загрозиле уставната тендерска сигурност на интелегентните членови на семејството познати под бизнис псевдоним „Соравиа„ во регионални рамки до тој степен така што „се очекува една дестабилизација „со трагични последици со повторно враќање на Алија на чело на мултиетничката влада со заедниците пропишани во уставот, сметајќи ги тука и 3500 Бугари на Заев и Борисов изјаснети на последниот попис на населението.

„Борбата„ за албанскиот јазик во Шуто Оризари

Тоа што беше потрагично и истовремено многу смешно беше кога „Командантот„ на револуционарниот европски фронт Абаз Ѓука, на собирот на граѓани во општина Шуто Оризари, доминантно со граѓани од ромска етничка припадност, најави протести за албанскиот јазик без да спомне ниеден збор за ромскиот кој е службен во таа општина!

Дали поранешниот „командант„ заборави дека им се обраќа на Ромите или спротивно на оваа теза, во салата немало Роми туку сите биле Албанци донесени од други општини како предизборен собир со мал број на Албанци и Роми од општината Шуто Оризари.

Што интерес имале Ромите да учествуваат на еден политички собир каде „Водачот„ (од приповетката на Радоје Домановиќ), не рече ниеден збор за супстандардот на ромските училишта, тешката положба на ромскиот јазик, мизерниот живот на Ромите иако Декадата на Ромите одамна без резултати помина.

Како лидерот на Ромите Курто Дудуш ќе ја образложи одлуката за приклучување кон „Фронтот на пропаѓање„ кога за прв пат после Фаик Абди , Ромите немаат пратеник во Народното Собрание, немаат министер од нивната партија, немаат директор од кого ќе бараат административни услуги?

Од сигурни извори овие денови дознав дека Ромите ја напуштат коалицијата Фронт за Европа. Но наместо да им се придружи на протестантите Роми од Шутка против скопската градоначалничка Арсова за дискриминација на Ромите во сообраќајот, беше во Истанбул со „европјанецот„ сега во бегство Груби, но без пратениците Турци од коалицијата за Европа и во друштвото на Асоциациите на Турците од Румелија го прослави денот на Албанското знаме!

Во своите писма и филипики Али им порачуваше на партиите на Влен да ја напуштаат Владата веднаш оти тоа ќе биде подобро за нивните семејства.

Ниеден збор за тоа што треба да прави тој и другите пратеници од Фронтот како Села, Илире Даути кои не можат да го измислат животот вон власта?

Ќе продолжат и понатаму да земаат по 3000 евра од сиромашниот народ во име на лажниот албански патриотизам или и тие ќе го напуштат Собранието?

Како да се напушти Владата кога од досегашната пракса луѓето стануваат власт со скинати панталони после за кратко време ја напуштат владата како мултимилионери?

Тие бенефити, според медиумите и другите допрени гласови до јавноста, најдобро ги осетило семејството, другарите и пријателите на некогашниот „патриот„ и „револуционер„ Абаз Ѓука и неговиот талентиран внук бизнисмен Дрин кого точно после една година истрага обвинителството „едва откри„ дека во багажот на неговата кола не е најдено голема количина на петарди и не се покренува обвинителен акт туку прекршочен за време кога ДУИ се залага праведно….

Што му рече Дема на Кадрија?

Кога Заев нас Албанците не повика да ги гласаме уставните измени за промена на името и хоп утредента во НАТО и ЕУ од 2016-2018 ни вети дека во Собраанието ќе ја поддржи иницијативата за промена на Уставот во делот на службеноста на јазиците, и наместо измислените математички шифри од 20% тоа ќе биде албански јазик.

Додека Заев сонуваше да биде нобеловец и ние Албанците конститутивен народ со албански службен јазик, тој им намигна на албанските политички партии од Коалиција да излегуваат со еден доста контрадикторен предлог на закон за јазиците со цел неговите коалициони партнери и неговата партија не ги губаат изборите.

Законот за јазици влезе во сила на 19 јануари 2019 додека на 23 јануари 2019 Заев како премиер на Владата побара од Венецијанската Комисија да пишува мислење во светлото на европските стандарди и принципите на владеењето на правото, принципите на употребата на јазиците (во понатамошниот тек „Закон за јазиците„) исто така и мислење за алтернативата на Член 8 (CDL-REF(2019)019).

Според медиумските инфромации Владата одлучила заменик претседателот на Владата задолжен за европски интеграции Бујар Османи биде претставник на Владата пред Венецијанската Комисија.

После тоа вицепремиерот објаснува: „Кога се усогласивме за законот, останаа спорни два члена: употребата на јазикот во банкнотите и униформите на војската. Затоа што имаше правници во тоа време кои ни покажаа дека тие може да бидат противуставни и евентуално може да паднат пред Уставниот суд ( Коха, 5.09.2019). Од друга страна имаше претставници кои мислеа дека и тие члена треба да останат и тогаш се сложивме дека е подобро еден меѓународен неутрален орган објективно да го каже ово.

Европа се пишмани. Името го променивме. Европа дај, рекле Словенците пред три децении. Ниту Заев стана нобеловец ниту ние Албанците конститутивен народ со албански службен јазик како неколку пати Еди Рама ги фалеше „резултатите„ на владењето на Алија.

Па и не ни треба веќе јазикот. Нема кој да го збори. Тие кои треба да го зборуваат, пишува колумнистoт Сулејман Мехази, веќе се иселија од државата. Помладите уште од нивната предшколска возраст не знаат албански и комуницираат на англиски меѓу себе.

Исто е и со Македонците но сепак европски настроената коалиција Заев-Али со Договорот од Преспа името го „продадоа„ додека јазикот „го задржаа„ и сега скоро сите комисионери од ЕУ научиле по пет реченици на македонски за да не убедат дека македонскиот јазик сепак постои за инает на Бугарите и е слжубен во ЕУ!

Младите се иселија во западните земји и државата остана празна. Што ни треба јазикот во празна држава!

Big Brother-VIP Macedonia 2024!

Таа убава серија на телевизијска забава која на македонски ЕУ службен јазик гласи „Големиот брат„ имав прилика прв да ја гледам 2005 год. во Лондон во ББС 4.

Потоа телевизиските центри на Албанија ги копираа тие емисии, се разбира за медиумски профит. И на Косово таквите забавни емисии последните две години зачестија. Суштината на емисиите е како богатите актери, пеачи, луѓе од бизнисот, жените и ќерките на политичарите да ги забавуваат сиромашните луѓе со разни секојдневни нивни глупости.

Оваа година во нашата земја дел од нашите ВИП политичари од поранешната коалиција ДУИ-СДСМ пред извесно време се сместија во еден шатор позади Уставен Суд , пред влезот во ресторан „Стара Воденица„ во Скопје. И поставиле стража неколку часовна со цел да се спречи Уставниот Суд да не донесе одлука против употребата на јазикот од 20%.

Набргу жител на оваа соба стана и Али, но за кратко. Али во шаторот го чекаше одговорот на неговото писмо испратено до американецот Блинкен. Тој проценил дека американскиот одговор ќе стигне за неколку недели. За несреќа одговорот му стигна утредента: Груби мора да ја напушти собата на Big Brother, и со тоа тој е исклучен од главната награда од неколку милиони евра!

Револтирани од овој изненаден гест на Американците раководството на ДУИ сега бара „меѓународен ветинг„ за сите политичари од 1990 и наваму.

ДУИ сега бара ветинг и за Кочо Анѓушев кој не правеше ништо без дозвола на Заев и сега слободно прави бизнис и е на слобода, а спроитвно на тоа неговиот колега вицепремиер Груби кој многу пати изјави дека ништо не прави без да го прашс Алија и Американците токму од нив доби црвен картон а од домашните органи меѓународна потерница и месец притвор.

Образложението на ДУИ е дека се револтирани од постапките на „нашите меѓународни пријатели„ во случајот САД, дека во нивните „тефтерчиња за пофалби за криминал и корупција„ за околу триесет години, тие ставиле едвај 10-мина политичари од сите политички партии на Албаннците и Македонците а за две години скоро половината на ВИП политичарите на ДУИ, жители на шаторот пред Уставниот Суд!

Изгледа дека во ДУИ или не ги разбираат зборовите на амбасадорката Агелер дека играта на ВИП-овите продолжува и дека набргу се очекува шаторот на Big Brother да го напуштаат и други ВИП личности на ДУИ и со тоа ќе се заокружи и меѓународниот ветинг на политичарите, или пак сакаат нејзе да ја заплашуваат со поширока дестабилизација преку руско влијание!

Мухамед Халили

 

 

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close