Срамно, јадно, потценувачки!!!

Едно време, кратко, се гледавме со татко му Томе. Се лекуваше во Струга, на дијализа. Доаѓаше и во Супер Радио.

Во една прилика ми се понуди, да ми даде некаква литература за да се стекнам “со поинаков поглед”! Ме изненади, бидејќи знаев дека во комунистичко, југословенско време, беше директор на Домот на културата во Делчево. Нејсе, сега неговиот син, бевме пратеници во исто време, ја клевети партијата која самиот ja основаше, односно му ја подарија ВМРОВЦИТЕ од ” Берлинската група”, за про српство и пројугословенство.

За првото, може да зборува, но за второто треба засекогаш да ја затвори устата. Ако за него бугарската окупација е најромантичниот дел од нашата историја, тогаш која е разликата, во однос на српската?? Окупација е окупација! А, ако не беше Југославија на Ј.Б. Тито, ниту тој ќе беше синче на Титов функционер, ниту ќе имавме држава! Македонија се стекна со можност да постане самостојна држава, само затоа што, во заедничката југословенска заедница, беше самостојна држава – република, со свои граници.

Исто како што и Босна и Херцеговина, се спаси од распад, само благодарение на устројството што Тито го воспостави во Југославија. Како да му се објасни тоа на овој дибек кој мисли дека знае историја!? Како да се објасни фактот дека овој човек ја води партијата која до вчера му беше коалициски партнер на СДСМ, за што, беше и казнет на последните избори.

Односно: како да веруваме, ние некогашни членови на СДСМ, дека партијата сеуште не се оградила од Георгиевски и не му се извинила на членството за коалицирањето со партијата на Георгиевски!? Или, ние од Охрид: како да се помириме со фактот, што СДСМ му подари пратенички мандат, на близок човек на Георгиевски, поранешен негов министер за транспорт, кој, со манипулација , преку “Гранит”, се стекна со надезерски апартман, прва линија, во зградата на поранешното Музичко училиште во Охрид!? Како да зборуваме за правна држава, кога, еден премиер, излегува од кабинетот со капитал на ‘ просечен бизнисмен!” (негови зборови).

СРАМНО, ЈАДНО, ПОТЦЕНУВАЧКИ!!!

 

Веле Митановски со реакција на ВМРО-Народна: Српската окупација во очите на новата Влада ни се претставува како романтично минато и општа историја

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close