Повици за нов бојкот на маркетите во петок

Повик за нов бојкот на сите маркети во петок – граѓаните да се воздржат од купување на производи во големите трговски синџири. Од завчера дополнително на социјалните медиуми се шири нов повик за еднонеделен бојкот, но не на сите туку само за двата големи маркети „Тинекс“ и „Веро“.

Се повикуваат граѓаните денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети додека за петок повторно се најавува бојкот на сите колеми синџири, а истиот е насловен како „Црн петок“ за маркетите.

Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%. „Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%. Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%“, според податоците на УЈП. Сепак, граѓаните им го надополниле профитот во саботата. Според УЈП, трговците пријавиле за речиси 114 милиони 300 илјади денари повеќе остварен промет. Според податоците,може да се види дека оваа сабота прометот е поголем за 11,3% во однос на претходната

Back to top button
Close