Мицкоски тргнува во „рушење“ на актуелниот судски совет со иницијатива во собранието. Биле главно упориште на корупцијата

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи со статус на фејсбук најави „рушење“ на актуелниот судски совет односно напиша дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет кој според негово длабоко уверување е дел од системот кој бил главно упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата.

Мицковски поодамна на мета го има Судскиот совет како пречка иако судството е независна власт, сепак тој и владата да имаат контрола над него. Под рака му оди исклучително нискиот рејтинг на судиите и обвинителите и тоа му е адут за промени за вистински во борбата со корупцијата.

Ваквите негови намери домашните и странски експерти не ги оправдуваат и сметаат дека судството треба само да си ги стегне своите редови, без извршната власт да се меша со поставување на „свои“ луѓе во судскиот совет и судовите и обвинителството.

Сепак премиерот не се повлекува пред ваквите ставови на експертите и денеска и дефинитивно ја најави иницијативата за разрешување на членовите на судскиот совет кој ги избрало собранието за да дојде до посакуван состав на судскиот совет оти овој според него покажал дека е непрофесионален,членови се бирани од партиите на претходната власт и се неспособни да се борат со корупцијата.

Hristijan Mickoski 
9 мин. 
На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот.
Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата.
Македониjа мора да победи!

Back to top button
Close