Белградското “Буре весник” да се растркала по Балканите и насекаде по меридијаните! Ни треба нова Џоан Баез

Српските студенти ја разбудија заспаната совест на нивните колеги од Грција, пред се, заспаните институции со случајот од пред неколку години, кога при судир на композиции загинаа десетици луѓе,главно студенти.

На Синтагма вчера вриеше од младост. Младоста побара одговорност. Во 1968 година, бев студент во прва година, кога младоста тргна од Студентски град во Белград, за што доби пендреци, а шпанскиот борец од граѓанската војна, Вељко Влаховиќ, побара од тогашната “народна милиција” да ги тргне тие ” медвеѓа говна” од грбовите на студентите. Пред неколку дена Синиша Ковачевиќ, испрати предлог до Нобеловиот комитет за Нобелова награда за студентите што беше прифатено. Би сакал да верувам дека ќе се крене младоста по целиот Балкан и дека Нобел ќе оди во рацете на студентите, а не во некој Трамповски “миротворец”, кој од Газа, откако Израелците ја срамнија со земја, бара да се расчисти во гола ливада за да прави нов Лас Вегас.

ВРЕМЕ Е ЗА ОПШТ БУНТ, ВРЕМЕ Е ЗА НЕКОЈА НОВА ОКО ОНО, ЏОАН БАЕЗ….

Белградското “буре весник” да се растркала по Балканите и меридијаните!

Back to top button
Close