ВИДЕО: „Коренот на сите проблеми доаѓа од судскиот систем!“, порача сестрата на Фросина Кулакова на протестот во Неготино

На протестот во Неготино, сестрата на загинатата Фросина Кулакова, Росица Кулакова истакна дека проблемите во општеството потекнуваат од судскиот систем кој не ги казнува соодветно злоделата.

Таа побара одговорност за судијката Даниела Алексовска Стојановска која не го продолжила притворот на возачот Васил Јованов, кој ја предизвикал сообраќајката во која загина нејзината сестра Фросина. Според неа, Фросина ќе била жива ако притворот бил продолжен.

 

„Доколку судиката му го продолжила притворот се до правосилност на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само ќе беше спроведен во затвор – мојата сестра Фросина денес ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судиката Даниела Алексовска Стојановска“, побара Росица Кулакова.

 

 

Катерина Недева, во име на другарките на Фросина, порача дека протестот е израз на болка и бес против сообраќајното насилство и корумпираноста во судството. Таа апелираше за праведни казни, воспитување на учесниците во сообраќајот и подигање на свеста за одговорноста.

 

„Ова мора да престане! Изнајдете начин вие што ја имате моќта на одлучувањето во свои раце – во законските рамки, во воспитната превенција, во правичното и неселективно судство. Секој чекор од овој протесен марш е порака до вас. Почнете. Со објективна проценка , со праведна и строга казна и продолжете со едукација за подигање на свеста и совеста на секој еден учесник во сообраќајот. За да ја поттикнеме одговорноста кај возачот, мора да ја казниме неодговорноста на возачот без сообраќајна дозвола“, нагласи Недева.

Протестот привлече и други семејства на загинати во сообраќајни несреќи, кои побараа ревизија на сомнителни судски случаи. Фросина Кулакова беше прегазена на 29 јануари на булеварот „Партизански одреди“ од Васил Јованов, кој возел пијан, без дозвола и поминал на црвено (тв21/mia

 

Back to top button
Close