AНАЛИЗА: ММФ алармира за реформи да се обезбеди одржливост на пензискиот систем, ќе се надмине сумата од 2 милијарди

Во пресрет на новото мартовско линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари, мисијата на ММФ во Македонија. Состојба со финансиите на ПИОМ, планот за одржливи приходи, реформите. Ова се дел од темите кои ќе бидат на маса а според потврдени информации се очекува и извештај на монетарците со оценка за пензискиот систем, пишува Порталб.мк. Новите проекции на ПИОМ покажуваат дека во 2027 та сумата за исплата на пензии ќе надмине 2 милијарди евра.

epa04824587 (FILE) A file photo dated 18 May 2011 showing the logo of the International Monetary Fund (IMF) at the entrance of the Headquarters of the IMF, also known as building HQ2, in Washington, DC, USA. Greece will not make the 1.6-billion-euro (1.8-billion-dollar) repayment due 30 June 2015 to the International Monetary Fund unless it strikes a deal in the coming hours with its creditors, Prime Minister Alexis Tsipras said in Athens as the deadline loomed. He implied that his left-wing government would resign if Greeks vote ‘yes’ in a planned 05 July referendum on a renegotiated bailout. The Greek vote is widely seen as deciding whether the near-bankrupt country stays in the eurozone. No country has left the currency bloc since its founding in 1999. EPA/JIM LO SCALZO

Во март нов раст на пензиите – ММФ ќе испорача старо-нови препораки..

“Јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението. Без реформи и со намалувањето на работоспособното население, до 2030 година се проектира дека пензискиот дефицит ќе се зголеми двојно повеќе”

Ова се нотира во еден од извештаите  на ММФ од каде со години алармираат дека ќе бидат потребни длабоки реформи за да се обезбеди одржливост на пензискиот систем. На оваа тема мисијата на ММФ разговараше со нашите власти и минатата година. Овој месец монетарците ќе “испорачаат” нов Извештај – со нови оценки и препораки. Засега познат е ставот на ММФ за сценариото според кое треба да се зголеми старосната граница за пензионирање како и спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, со оглед на тоа што демографијата не е на “страна” на пензискиот систем, односно се повеќе стануваме земја на возрасно население.

Средбата со ММФ ја потврдува и раководството на ПИОМ но од таму децидно велат дека не се размислува ниту за зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту пак за зголемување на стапката за пензиско осигурување.

“Претставниците на ММФ генерално се интересираат за состојбата на пензискиот систем и за стабилноста на исплатата на пензиите. Главно прашање на претходната средба им беше одржливоста на зголемувањето на пензиите  за 2 500 денари во септември и сега 2 500 денари во март. Едно од прашањата беше и зголемување на старосната граница за пензионирање, што е одбиено од наша страна а тоа го потврдија и од Владата” – велат од ПИОМ.

Освен ММФ и Светска банка препорача реформи во пензискиот систем – зголемување на старосната граница за пензионирање, враќање на моделот за раст на пензиите според цени на мало , постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот.

За исплата на пензии ќе требаат се повеќе пари – стабилизација во 2035!

Во меѓувреме пензионерите го чекаат новото линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари што треба да се случи во март, со што ќе се оствари ветувањето на власта за раст на пензиите за 5 000 денари. Линеарното зголемување на пензиите ја зголеми трошковната страна на ПИОМ поради што се зголеми и трансферот на средства од централниот Буџет на сметка на фондот. Според податоците од Буџетот за годинава, вкупните расходи на ПИОМ се зголемија на 2,27 милијарди евра а само сумата за исплата на пензии во однос на лани е зголемена за 16,6% по два основи – раст на пензиите и зголемен број на пензионери.

Според новиот Стратешки план 2025-2029 на ПИОМ, годинава за исплата на пензии ќе се потрошат скоро 1,8 милијарди евра и оваа сума ќе биде во пораст и во следните години, па така во 2026 та износот се зголемува на 1.9 милијарди евра а во 2027 та наминува 2 милијарди евра.

Исплата на пензии

2025 та                        1 778 500 000 евра

2026 та                        1 926 100 000 евра

2027 та                        2 025 000 000 евра

Извор : Стратешки план 2025-2029

Сумата за пензии ќе расте , ќе се зголемува и бројот на пензионери. Годинава според Проценките пензија ќе се исплаќа на 343 992 пензионери и оваа бројка за две години ќе се зголеми за 5 900 нови корисници на пензија.

Број на пензионери

2025 та                           343 992

2026 та                           347 088

2027 та                           349 865

Извор : Стратешки план 2025-2029

Во моментов освен од државниот пензиски столб, има околу 180 корисници на пензија и од приватните фондови. Според анализите врз основа на возрасната структура на осигурениците, во 2035 та се очекува исплата на пензии на позначителен број на нови корисници и од приватните фондови што ќе претставува еден од првите поголеми чекори за финансиско растоварување на државниот фонд,  вовед во намалување на дефицитот во ПИОМ.

Според сумираните податоци за 2024 та, на крајот од минатата година во државата имало 345 796 пензионери од нив 34,1% земаат пензија од 15 693 до 19 409 денари а само 7,97% имаат пензија повисока од 39 115 денари.

Elida Zylbeari

Project Leader
Metamorphosis, Foundation for Internet and Society
+389 70 213 404

www.metamorphosis.org.mk

elida@metamorphosis.org.mk

Editor in-chief
Portalb.mk

www.portalb.mk
elida@portalb.mk

Skype: elida.zylbeari

Twitter: @Elida_Z 

Back to top button
Close