Наместо подготовки на програмата и да спроведување обуки за онлајн настава, Бирото за образование на колективен одмор
Над 200 вработени во Бирото за развој на образованието и директорот си отишле на колективен годишен одмор без да ја изработат програмата за скратен наставен план за основните и средните училишта, на која чекаат илјадници наставници и професори за новата учебна година која, според последниот предлог од Комисијата за заразни болести, ќе биде онлајн за најголем дел од учениците.
Веќе требало да течат обуки за онлајн предавања, за интеракција со учениците и средношколците, како и за начинот на вреднување на нивните резултати, но и тоа не го направиле вработените во Бирото и директорот Зекирија Хасипи. Во меѓувреме расте нервозата кај родителите дали ќе се организира вистинска настава во претстојната учебна година, откако се импровизираше во второто полугодие од претходната.