Новиот сириски претседател се сретна со кинескиот амбасадор за прв пат по падот на Асад

Новиот сириски претседател Ахмед ал Шара се сретна со кинескиот амбасадор во Дамаск, за првпат по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад во декември минатата година, јавија денеска сириските државни медиуми.

Сириската државна новинска агенција САНА јави за средбата на Ал Шара со амбасадорот Ши Хонгвеи, но не наведе детали за тоа која била темата на состанокот.

Кинеската амбасада, која го поддржуваше Асад, беше ограбена во Дамаск по неговиот пад, а новите исламистички владетели на Сирија вклучија некои странски борци во сириските вооружени сили, вклучително и Ујгури, муслиманско етничко малцинство во Кина за кое западните групи за човекови права велат дека е прогонувано од Пекинг

Back to top button
Close