(ВИДЕО) Протести во Софија: запалена вратата на ЕК, шестмина приведени меѓу кои и пратеник

Приврзаници на проруската партија „Вазраждане“ изуринава се судрија со полицијата и ја запалија влезната врата на зградата на Европската комисија (ЕК) во Софија.

Протестите се против усвојувањето на еврото како валута во Бугарија, а ескалацијата се случи за време на протест на проруската партија „Вазраждане“ некаде на пладне во Софија. Партијата долго време се противи на еврозоната и интеграцијата на Бугарија во ЕУ.

На настанот, десет полицајци се повредени, еден пратеник од бугарската партија „Предоба“ е приведен, а двајца други пратеници се пренесени во болница, соопшти пред новинарите пратеникот Цончо Ганев, јави БТА.

Приведениот пратеник е Ивајло Чорбов, кој според Ганев се наоѓа во полициската станица во Софија. На прашањето како бил уапсен иако има пратенички имунитет, Ганев одговори дека тоа треба да се праша началникот на полицијата. Тој додаде дека пратениците Ангел Георгиев и Никола Димитров биле пренесени во Универзитетската болница „Царица Јоана – ИСУЛ“.

– Кога вакви настани се случуваат во Грузија или Украина, сите ги поддржуваат, но кога се случуваат во Бугарија, тоа не е прифатливо, изјави Ганев. Според него, ова е уште едно „режимско“ владеење на Бојко Борисов против кое „Преродба“ протестира и повторно нивните поддржувачи биле нападнати и прскани со солзавец.

Тој додаде дека власта го поткопува законскиот поредок во земјата, бидејќи 604.000 граѓани побарале референдум за влезот во еврозоната, но нивното барање било игнорирано од евроатлантските партии. Ганев најави дека од среда ќе преземат чекори за да го блокираат функционирањето на парламентот, барајќи оставка на Владата.

Инцидентите се случија пред претставништвото на Европската комисија во Софија, каде што демонстрантите фрлаа црвена боја и петарди врз зградата, а нејзината врата беше запалена.

„Вазраждане“ долго време има проруски и антиевропски позиции. Така е и покрај тоа што има претставници во Европскиот парламент. Партијата е дел од екстремно десничарската европска партија „Европа на суверени нации“, во која е вклучена и радикалната „Алтернатива за Германија“.

 

Back to top button
Close