Можен антисемитски мотив во нападот со нож во Берлин
Нападот на шпански турист кај Меморијалот за жртвите на Холокаустот во Берлин најверојатно има антисемитска позадина. Осомничениот изјавил дека сакал „да убие Евреи“, соопштија полицијата и берлинското обвинителство.
Осомничениот за нападот е 19-годишен бегалец од Сирија кој наводно живее во прифатилиште за бегалци во Лајпциг. Полицијата го уапсила околу три часа по нападот, а тој не давал отпор при апсењето. Со него носел молитвен килим, копија од Куранот и осомниченото оружје во својот ранец, што сугерира „религиозен мотив“, соопшти полицијата.