(ВИДЕО) Судир меѓу антинацисти, неонацисти и полицијата во Германија
Денес, стотици екстремни десничари се собраа на плоштадот во близина на метро станица во Мите и почнаа да маршираат до главната железничка станица во Берлин, пренесува Анадолија.
Повеќе од илјада левичарски демонстранти го блокираа маршот на десничарските екстремисти, а берлинската полиција употреби солзавец против нив.
Судирот се вжешти кога левичарските демонстранти сакаа да ги пробијат полициските кордони околу митингот на десничарите кои германските вести ги опишуваат како неонацисти. Неколку демонстранти беа уапсени во судирите.