„Романтична измама на стероиди“ – жена мамела преку апликации за состанување, тројца го загубиле животот

Преку апликации за онлајн состанување, жена измамила најмалку четворица постари мажи. Тие се сретнале со неа по што таа ги издрогирала со седативи и им украла стотици илјади долари, соопштија службите од Лас Вегас во петокот.

Тројца од мажите починале, велат властите, а таа е обвинета за смртта на еден од нив.

Жената, Аврора Фелпс (43) моментално е во притвор во Мексико и се соочува со 21 обвинение, вклучувајќи кредитна измама, кражба на идентитет и едно обвинение за киднапирање што резултирало со смрт.

„Ова е романтична измама на стероиди“, рече Спенсер Еванс, специјален агент на чело на ФБИ во Лас Вегас. Еден од четворицата жртви – кои биле тартегирани во 2021 и 2022 година – се разбудил од кома откако Фелпс му давала лекови една недела, додаде Еванс.

Во еден случај, Фелпс наводно киднапирала жртва со тоа што му дала силни седативи и го однела преку границата САД-Мексико во инвалидска количка, а потоа во хотелска соба во Мексико Сити, каде што подоцна бил пронајден мртов.

Откако ги онеспособила своите жртви,  Фелпс им ги крадела автомобилите, подигала пари од нивните банкарски сметки, користела нивни кредитни картички за купување луксузни предмети и злато, па дури и се обидувала да добие пристап до нивните сметки за социјално осигурување и пензија.

Според обвинението, Фелпс запознала еден маж во јули 2021 година, одела на ручеци со него, нарачала ручек во неговата куќа и му подметнала лекови. Додека бил „претежно во бессознание“ околу пет дена, Фелпс добила пристап до неговите сметки и му украла електронски уреди, возачка дозвола и банкарски картички. Таа наводно добила и пристап до неговата сметка на E-Trade и продала акции од Apple во вредност од околу 3,3 милиони долари, иако не успеала да ги повлече тие пари.

Властите веруваат дека таа користела популарни апликации за состанување како Tinder, Hinge и Bumble за да ги најде своите жртви. Мажите биле осамени и барале друштво.

„Станува збор за луѓе кои барале љубов, но наишле на нешто многу позлобно“, рече Еванс.

Фелпс, која има двојно државјанство на Мексико и САД, била под ФБИ радарот неколку години, но Еванс одби да ја коментира нејзината кривична историја.

Осомничената нема адвокат од САД кој би можел да зборува во нејзино име, рече портпаролот на Министерството за правда.

Како ја откриле?

Неколку роднини на жртвите ги повикале властите кога не успеале да стапат во контакт со своите најблиски, рече Еванс.

Една жена не успеала да го добие својот татко ден по состанокот со Фелпс во Гвадалахара, Мексико, во мај 2022 година, според судските записи. Следниот ден, мексиканската полиција го пронашла мртов на подот од бањата во неговиот дом. Потоа, Фелпс користела сметка што припаѓала на жртвата за да купи златник, заедно со други трансакции.

ФБИ е свесен за повеќе наводни жртви во САД и Мексико. Информацијата за случајот ја изнесува во јавноста, вклучително и осомничени прекари, за да пронајде други луѓе кои „станале жртви на нејзините измами и чија доверба во неа можеби ги чинело живот“.

ФБИ исто така соработува со Министерството за правда и мексиканските власти за да ја обезбеди нејзината екстрадиција.

Ако биде осудена за сите обвиненија, кои вклучуваат седум точки за електронска измама, три точки за поштенска измама, шест точки за банкарска измама, три точки за кражба на идентитет и едно обвинение за киднапирање, Фелпс се соочува со максималната казна – доживотен затвор. (Гардијан)

Back to top button
Close