Мелони: Европа е далеку од изгубена

Италијанската премиерка Џорџа Мелони повика на единство на Западот, силно американско-европско партнерство и континуирана поддршка за Украина против руската агресија.

-Европа е далеку од изгубена и никогаш нема да биде изгубена – рече Мелони во видео обраќањето на Конференцијата за конзервативно политичко дејствување (CPAC), која се смета себеси за најголемиот и највлијателен собир на конзервативците во светот.

Мелони изрази доверба во американскиот претседател Доналд Трамп, исто така говорник на конференцијата.

-Нашите противници се надеваат дека претседателот Трамп ќе се дистанцира од нас, но знаејќи го како силен и ефективен лидер, се обложувам дека оние кои се надеваат на поделби ќе се докаже дека грешат – рече италијанскиот премиер.

Осврнувајќи се на борбата на Украина против Русија во изминатите три години, Мелони рече: „Среќата зависи од слободата, а слободата зависи од храброста“.

-Денес мораме да продолжиме да работиме заедно за праведен и траен мир, мир кој може да се изгради само со придонес на сите, но пред се со силно лидерство – додаде Мелони.

Back to top button
Close