Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во наредните денови

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и најверојатно иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц, изјави дека сака да коалицира со Социјалдемократската партија (СПД) и дека ќе започне преговори во наредните денови.

Тој на прес-конференција во Берлин рече дека миграцијата, економијата и одбраната се клучни теми за преговорите со СПД, пренесува Ројтерс.

Коментирајќи го изборниот резултат на Алтернатива за Германија (AfD), Мерц рече дека тоа е „конечно предупредување“ zlза демократските партии да соработуваат.

Тој рече дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „ќе најде начин“ Нетанјаху да ја посети Германија без проблеми, имајќи предвид дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.

Тој рече дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за претстојната средба на Макрон со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Се надевам дека ќе успееме да ги убедиме Американците дека е во наш заеднички интерес да имаме добри трансатлантски односи“, рече Мерц, изразувајќи загриженост за „она што се слуша од Вашингтон во врска со војната во Украина“.

Back to top button
Close