Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини

Рускиот претседател Владимир Путин предложи заедничко истражување на наоѓалишта на ретки суровини со САД, вклучително и оние во деловите на Украина окупирани од Русија.

– Русија е подготвена да работи со своите партнери, вклучително и САД, по ова прашање, рече Путин во вчерашното интервју за државната телевизија.

Тој додаде дека Русија има едни од најголемите наоѓалишта во светот на крајниот север на земјата, како и на Кавказ, Сибир, Далечниот Исток и на окупираните територии во Украина, кои тој ги нарече „нови територии“.

Путин претходно разговараше за развојот на рударството на суровини со министри и други претставници на државата

Back to top button
Close