Телеграф: Франција е подготвена за воспоставување на нуклеарен штит над Европа

 

Франција е подготвена да го искористи своето нуклеарно оружје како вид за одвраќање во заштита и одбрана на Европа, додека САД наведуваат дека би можеле да се повлечат од европскиот континент, објави британскиот весник Телеграф.

Според весникот, француските авиони-ловци вооружени со нуклеарно оружје би можеле да бидат распоредени во Германија, во момент кога САД се закануваат дека ќе ги повлечат своите сили од Европа.

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц по изборите апелираше Франција и Велика Британија да пружат нуклеарна заштита со цел Европа да стане независна од „Америка на Трамп“.

Неименуван француски функционер за Телеграф изјави дека распоредувањето француски ловци со нуклеарно оружје во Германија ќе испрати силна порака до рускиот претседател Владимир Путин, додека дипломатите во Берлин сугерираат дека тоа ќе изврши притисок врз британскиот премиер Кир Стармер да го стори истото.

Францускиот нуклеарен потенцијал во моментов е независен од НАТО, додека Велика Британија е клучен дел од одбранбената стратегија на Алијансата.

Back to top button
Close