Бојкотот на Балканот се шири глобално: Во петок маркетите ги бојкотираат граѓаните на САД

Бојкотот на супермаркетите што се одржа на 24 јануари прво во Хрватска, а потоа на 31 јануари во Македонија, проширувајќи се во земји како во Словачка, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Бугарија, Грција и Романија, сега се проширува и на другите континенти.

Овој начин на изразување на незадоволството на потрошувачите од вртоглавото зголемување на цените и зголемената инфлација се проширува и во САД и во петок, 28 февруари ќе се бојкотираат купувањата од големите трговски синџири како Волмарт и Амазон, како и набавките на производи како Кока Кола.

Причините за големиот, како што велат, економски бојкот на сите облици на пазарење лежат во зголемената инфлација (3%), поскапувањето на становите (30%), енергијата, гасот и храната.

Повеќе

Back to top button
Close