Трамп најави „златна карта“ за богати доселеници
За околу две недели, според најавите на американскиот претседател Доналд Трамп, треба да почне продажба на т.н. „златни карти“ по цена од пет милиони долари за доселување во САД. Замислено е такви карти да добиваат странци кои сакаат да се преселат во САД и таму да создаваат работни места.
Веќе постои зелена карта, која документира дозвола за работа и престој во САД. Новата „златна карта“ би ги обезбедувала истите права, а дополнително би нудела пат кон американско државјанство. „Со купувањето на оваа карта во нашата земја ќе доаѓаат богати луѓе. Тие ќе се богати и успешни и ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу данок и ќе вработуваат многу луѓе“, изјави американскиот претседател. На прашањето дали „златната карта“ ќе важи и за руски олигарси, Трамп одговори дека е тоа „веројатно“ и дека може да си замисли меѓу заинтересираните да има и олигарси. Тој самиот познавал „многу љубезни луѓе“.
Според Трамп, програмата за „златната карта“ е во согласност со законите и треба да ја замени досегашната виза за инвеститори ЕБ5. Во врска со намето на картата, американскиот претседател рече: „Некој кажа – да ја наречеме ‘Трамп-златна карта’? Јас реков: ‘Користете го името Трамп ако е од полза. Ви го давам бесплатно (dw)