Македонија не смее да влезе во српскиот вртлог

Студенти, тракториски, професори, работници…маршираат од сите места во Србија, за утре на “Денот Д”, во Белград, го одржат најмасовиот протестен собир, било кога одржан кај севериот сосед. За студентите, кои се окосница на собирањето, тоа е спонтан протест за освестување на институциите на системот да си ја вршат работата според закон, за власта, тоа е “шарена револуција”, увезена и финасирана од надвор.

Српскиот претседател Вучиќ, кој ја приграби сета власт во Србија, за почеток, организира контра-собирање пред неговата претседателска палата, а за 28 овој месец, најавува, ново “уште поголемо собирање!”. Не е проблем тоа да го направи, тој може да донесе стотина илјади души со автобуси од цела Србија и Република Српска, на помош ќе му пријде и нашиот Иван Стоилковиќ, но што ќе постигне со тоа?

Ние пстарите, добро паметиме како завршуваат собирањата организирани од власта. Тоа го направи српскиот вожд Слободан Милошевиќ, кој повика народ на Газиместан во Косово, од таму порача дека “Србите не смее никој да ги тепа”, по што заврши во Хаг, а покраината Косово, остана како дел од Србија, уштe само во српскиот Устав.

Не ми е намерата да подвлекувам паралела, помегу состојбата во Македонија и Србија, но, ако некој мисли дека ќе му појде од рака она што им појде на српските студенти, се лаже. Тие успеваат само затоа што бегаат од партиите. При ваква партиска сегментација во Македонија, не може да се случи народ, може да се случи само партиски обоен “народ”, што ќе предизвика друга партиска реакција, а и нешто повеќе. ДУИ одавна е на бусија и чека на случувањата да им даде етничка димензија и да ја забибери целата ситуација со етнички зачини.

Не треба да се заборава дека ситуацијата е ровка на Балканот, и во Босна и Херцеговина и на Косово, покрај во Србија.

Не ми носи никаква сатисфакција ако се покаже дека сум во право, но со преголема пречувствителност примам повици за “случување на народ”, кога тие доагаат од највлијателните и најодговорните позиции во државата. Уште синоќа регирав, ме заинтригира изјавата на премиерот:

„Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од два или три отсто, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи“, истакна премиерот Мицкоски.

Во најмала рака, НЕВООБИЧАЕНО, да ја имаш целата егзекутива во раце, а да се повикуваш на народот!!!??? Да не кажам, траги комично! Што би рекол Хорхе наш Паљурски, тоа ви е нешто како – КОСМОДИСК. Делува шашаво, ама функционира!

Не дека Мицкоски не е во право за однесувањето на суратите од Судскиот совет. Таа Данева, е навреда за професијата да седи на тоа место и од почетна позиција на стручен соработник, да оценува работа на судии на сите нивоа се до Врховниот.

Но, сепак, сметам, дерка таа изјава на премиерот е погрешна, несоодветна, односно од несоодветна позиција, дадена.

Тие од Судски, прв би ги набркал со мотка. Но, во јадна Македонија има толку неправилности и неправди, така што ниедно собирање не може да се води само во еден правец. Вака дадената изјава ми делува како израз на немоќ и така треба да му се објасни на народот, ако сакаме нешто да постигнеме и да дојдеме до промени.

Сурати како Весна Данева има каде и да се свртиш и од сите партии. Белким не сме го заборавиле тефтерчето на Гордана – првата полицајка!? Затоа, секој што мисли на собирање и повикување на народот, за тој да пресудува, треба да знае дека е тоа опасно уште на старт. Секој што мисли поинаку нека помисли на народната: ако се крене народ, ќе гори и сувото и суровото!

За секоја неправда, посебна суровица! Зошто, кренатата суровица, народот би ја употребил само кон Данева, а не кон сите останати од нејзиноот лик и дело?

Ме изненадува, искусни новинари се залепија на ваквата изјава и го силат предмиерот. Би излегол и на на протест, но премиер да повикува е превртена диоптрија. На улица повикува опозиција, а власт повикува на избори. Тој не повика, му дадовме мандат, ги има сите полуги на власта, сега нека делува.

И да “им се случи народ”, што ќе се промени? Да имаа малку емпатии кон народот, веднаш ќе заминеа. Уште пред интерпелацијата. Но, не сакаат. Немаат чувство на одговорност, затоа на ова гледам како пукање во празно и тропање на отворена врата!

Конечно, и да се разреши овој случај, ги има напретек други, во сите сфери на живеењето.

Срамота е и греота кон народот, на кој начин, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, меѓусебно, се обвинуваат, кој повеќе го полнел со милиони евра, Пуцко Петрол: “подржи ми го копилево, да и се истурам на копиљанкава!

На ист начин, се менуваат, како Курто и Мурто, не дозволувајќи нов изборен закон, за една изборна единица и преференцијално гласање, односно нов закон за финансирање на политички партии!!!

Сите зла се резултат на партизацијата на општеството и тука никој не може да се изземе. Од ниту една партија. Затоа ни делува дека сме во еден затворен круг, безизлезен, затоа ни се случува помош од немоќниот и ограбен народ, да се бара од највлијателната и најмоќната позиција во системот!!!

Веле Митаноски

 

 

 

Back to top button
Close