ВИДЕО: Илјадници Кинези го преплавија аква-паркот, епицентарот на ковид-19
Неверојатни сцени доаѓаат од Вухан, поранешниот епицентар на вирусот ковид-19.
Во аква-паркот во овој град, кој брои стотици смртни случаи од вирусот корона, за време на викендот беа снимени неверојатни сцени.
Илјадници млади Кинези се собраа на популарниот парк „Вухан Аква“, кој повторно е отворен од јуни, откако беше затворен со месеци поради коронавирусот.
Имаше дури и голема забава во базенот!
Половина од вообичаениот капацитет беше исполнет, а жените добија и попуст од 50 проценти.
Првите познати случаи на ковид-19 се забележани минатата година во Вухан, град со 11 милиони луѓе, по што вирусот се прошири ширум светот.
Во Вухан, карантинот беше укинат во април, а од средината на мај досега во провинцијата Хубеи нема официјално потврдени случаи на заболени, каде Вухан е главен град.
Владата на Хубеи понуди бесплатен прием на 400 туристички локации на нејзината територија.
Кина во голема мерка добро се справи со епидемијата на коронавирусот, но повремените жаришта и обилните летни поплави продолжуваат сериозно да ја загрозуваат нејзината економија.