Фицо: Одам во Москва на Денот на победата, никој не може да диктира каде можам да патувам

 

Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска изјави дека ќе присуствува на прославата на Денот на победата во Москва и дека остро се противи на предупредувањето на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, дека европските лидери не треба да учествуваат на тој настан.

„Предупредувањето и заканата на Каја Калас се непочитување и остро се противам“, објави Фицо на профилот на Икс. Тој потсети дека Калас ги предупреди лидерите на земјите-членки на ЕУ да не учествуваат на прославата на Денот на победата во мај во Москва и им порача дека „таквото учество нема да биде сфатено лесно“ во Брисел.

Back to top button
Close