Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава
Ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски-Штраус и Анета Симеска-Димоска се ослободени од куќен притвор. Трајковски денеска објави фотографии од црквата св. Петка.
„На денот на жртвата, со мисла за духовното и човечкото. Велики Петок не е само симбол на тишина и тага – туку и на длабока вера, истрајност и надеж. Во денови кога премолчени битки се водат и во тишина, вреди да се потсетиме дека само преку смирение, искреност и добрина можеме да изградиме подобро општество. Во пресрет на најголемиот христијански празник, на сите граѓани им посакувам мир, сила и благослов во домовите. Со добри дела и чиста намера се гради држава“, напиша Трајковски на „Фејсбук“.
Тие прво беа во ефективен притвор, па добија куќен. Сега излегуваат на слобода, по одлука на судот во Кочани, а по предлог на Обвинителството.
Осомничени се во предметот за дискотеката „Пулс“, дека овозможиле таа да работи без да ги исполнува сите услови.