Никола (39) три пати го победи ракот, вечерва за жал го загуби животот во трагедијата кај Карловац
Шок владее вечерва во Хрватска откако во тешка сообраќајна несреќа во близина на Карловац животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на оваа земја, Никола Покривач.Првите информации од Хрватска говорат дека станувало збор за верижен судир на четири автомобили, при што две лица починале, а уште три се сериозно повредени. Според неофицијалните информции, тројцата повредени исто така се фудбалери, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба, но нивниот идентитет засега не се објавува во јавноста.
Никола Покривач е поранешен фудбалер на Динамо Загреб, кој во 2008 година беше повикан од Славен Билиќ да настапи за Хрватска на ЕП. Кариерата ја почна во Вартекс, а по Динамо ги бранеше и боите на Монако, Салцбург и Ријека.
„Со голема тага ја примивме веста за тешката сообраќајна несреќа во Карловац во која за жал животот го загуби нашиот поранешен играч Никола Покривач. Тој ќе остане засекогаш запаметен како дел од семејството на Динамо, како талентиран играч за врска, борец на теренот и човек со големи срце“, објави Динамо Загреб.
Во текот на својата кариера, Подривач водеше битка со малигната болест. Тој три пати го победи Хочкиновиот лимфом, рак на лимфните јазли. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2012 година, а последен пат му се врати во 2017 година, кога неговата мајка му го спаси животот со донација на коскена срцевина.
„Три пати се борев со болеста, мислам дека траеше околу три години. Фала му на Бога, помина година ипол откако мојата мајка ми даде коскена срж и оттогаш немам никакви проблеми. Бев во изолација 50 дена, никој не можеше да дојде кај мене, ги гледав луѓето само низ стакло“, вели Покривач во интервјуто во 2019 година.