Северна Кореја ја осуди одлуката на САД за олеснување на извозот на оружје
Северна Кореја денеска ја осуди извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за олеснување на американскиот извоз на оружје, нарекувајќи ја „чекор кон ескалација на војните“, пренесе Ројтерс.
„Од една страна, САД тврдат дека се „посредник“ кој се залага за дијалог и преговори, додека од друга страна, тие постојано обезбедуваат секакви видови оружје за масовно уништување за да ги охрабрат потикнувачите на војни да ги прошират и да ги продолжат своите војни“, се вели во коментар на севернокорејска новинска агенција цитиран од агенцијата.
Трамп, кој посредуваше во мировниот договор меѓу Русија и Украина, на 9 април потпиша извршна наредба за олеснување на извозот на оружје од САД, потсетува агенцијата