Левица: ЗНАМ сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар

Директорот на психијатриска болница од редовите на Движење ЗНАМ – Жан Лозановски продолжува со закани и уцени кон вработените. Подолг период наназад соочени со прекувремена работа по 200 часа во месецот, што е спротивно со секој закон, а притоа несоодветно исплатени за прекуврена работа и со укинат превоз за ноќна работа, вработените се обратиле до Државниот трудов инспекторат.

Од инспекторатот е позитивно одговорено дека превозот за ноќна работа им следува и директорот треба да го обезбеди. Меѓутоа, наместо да постапи по укажувањата на инспекторатот тој врши мобинг принудувајќи ги вработените да потпишат изјави (фотографија во прилог) дека се откажуваат од превозот доколку сакаат да продолжат со работа во смени и дежурства. Во спротивно се заканувал со носење на персонал од други здравствени установи, исклучување од дежурства, работење со приправност и сл.

Дали Јавното обвинителство ќе постапи по допрен глас?
После низата скандали, Левица – Демир Хисар уште еднаш го повторува своето барање за разрешување на директорот во психијатриска болница.

Левица

Back to top button
Close