Трамп и Зеленски се сретнаа пред погребот на папата Франциск
Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се сретнаа непосредно пред погребната церемонија на папата Франциск.

Официјални лица од двете страни потврдија дека средбата се случила, а Белата куќа ја опиша како многу продуктивна. Повеќе детали од средбата засега не се објавени. Директорот за комуникации во Белата куќа, Стивен Чунг, рече дека ќе следат повеќе детали за приватната средба меѓу Трамп и Зеленски.

Претседателите на САД и Украина присуствуваат на богослужбата заедно со други шефови на држави и кралски членови кои денеска во голем број дојдоа на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан за да му оддадат последна почит на папата Франциск кој почина во понеделникот.
Денешната средба на Трамп и Зеленски доаѓа еден ден откако американскиот претседател изјави дека Русија и Украина се многу блиску до договор. Тој ова го кажа по разговорите меѓу американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин што се одржаа вчера во Москва